Мислам дека концептот на BMW I3 со range extender е правецот кој во наредниот циклус од 7-10 години треба да го развиваат производителите. Батерија со околу 200 км досег на струја и опција за сопствено генерирање од мал бензинец ако нема достапен полнач е правиот пристап. Нема потреба да се трошат ресурси на поголеми батерии за ако еднаш во година се оди на одмор на подолга релација.
Колата со помалата батерија е поевтина, полесна и помалку троши, дава можност за електрификација на повеќе возила со иста количина на батерии.
Од друга страна, генераторот дава сигурност дека ќе се стигне до саканата дестинација колку и да е далеку дури и да има сезонска гужва на полначите на струја.