Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 537158 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2070 на: 07 Март 2020, 15:03:08 pm »
Како што реков, прескапи се моментално и тоа е тоа, одлични придонеси кон економијата и перформансите дава струјата, но сега поготово со новите давачки во државава, прескапо е. Не ја оправдуваат до толку поголемата цена со перформансите. Се надевам и јас дека во блиска иднина ќе поефтинат но тоа што го кажа и ти надолго е истото што го кажа и директорот на ПСА. Се е во ред со нив, ама прескапи се. Ако некој не ги субвнционира, ретко кој ќе ги погледне. Сепак на крајот од денот секој гледа да добие што може повеќе за неговите пари.
Па еве излегуваат полека ЛОГИЧНИ електрични возила како Цитроен Ами кои ќе ги погледнат луѓе и без голема субвенција ако успеат да ги постигнат најавените цени од 6000евра.

Од друга страна за мицубиши имиев, рено твизи, или нисан лиф или Тесла треба да ти се фрлаат пари за да купиш. Исто како и VW eUP за 28000евра, дури и најавите дека е намален на 17000 е пак стравотно прескап за било кој да го погледне.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2071 на: 07 Март 2020, 15:17:52 pm »
Убаво и реално кажано. Никој нема да купи плуг ин хибрид од 40 000 евра, ако за 25 000 има бензин или дизел кој троши малце повеќе а е далеку поедноставен за живеење и одржување. Сега за сега субвенциите ги држат електричните возила во живот. Сигурно директорот на еден од најголемите производители на возила во светов знае повеќе од нас.

Затоа што во "Европава" од една страна се пуваат цени и на дизел и на бензин и на хибрид и на строго електрични возила, а од друга се повеќе се заоструваат еко норми за да не може ништо америчко да припари на пазаров.

Дај ми ти Модел 3 со 475 КС за 35.000 евра/долари  со charging мрежа и техничка поддршка па да видиме дали ќе погледнам дизел во живот...и тоа не од еко свест побуди.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2072 на: 07 Март 2020, 15:19:35 pm »
Каде има 3ка за 35к евра?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2073 на: 07 Март 2020, 15:21:13 pm »
Кај нас нема.
Тоа е проблемот.

Има Модел 3 за 35.000 долари во америка, кој тука треба да кошта 50.000 евра со оскудна поддршка.
Нормално дека не би ни го погледнал,а ни било што европско со таа технологија по цени по кои се нуди.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2074 на: 07 Март 2020, 15:33:54 pm »
Кај нас нема.
Тоа е проблемот.

Има Модел 3 за 35.000 долари во америка, кој тука треба да кошта 50.000 евра со оскудна поддршка.
Нормално дека не би ни го погледнал,а ни било што европско со таа технологија по цени по кои се нуди.

Во цела Европа нема за таа цена.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2075 на: 07 Март 2020, 15:39:07 pm »
Ни погоре не зборам за Скопје.
 

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2076 на: 07 Март 2020, 16:06:11 pm »
Кај нас нема.
Тоа е проблемот.

Има Модел 3 за 35.000 долари во америка, кој тука треба да кошта 50.000 евра со оскудна поддршка.
Нормално дека не би ни го погледнал,а ни било што европско со таа технологија по цени по кои се нуди.

Кај нас де, во Македонија.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2077 на: 07 Март 2020, 16:38:34 pm »
Не.
Кај нас, во...



.... "Европава"

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2078 на: 07 Март 2020, 16:58:11 pm »
А во Европа секоја дваесетта кола е Тесла и покрај немањето мрежа и поддршка. Во Норвешка е секоја втора кола.

Отсутен Majstoriste

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2079 на: 07 Март 2020, 17:20:53 pm »
Ширењето на употреба на електрични возила не треба да се бара од Тесла 3 од 50,000 ЕУР. Заради рејнџот од 500 км таа е прескапа ако единствена причина за купување е cost - benefit анализа. 
Многу е очигледно - цел на електрификација треба примарно да се такси компании и разноразни други сервиси кои дневно вртат по 100 км низ град и може да се дополнат по потреба на брзи полачи. Нема некој бенефит за екологија ако некој купи електрично возило и со него оди до работа и назад. 

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2080 на: 07 Март 2020, 17:26:10 pm »
Не.
Кај нас, во...



.... "Европава"

Пак останува дека во цела европа нема за 35к евра Тесла.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2081 на: 07 Март 2020, 17:36:46 pm »


Ширењето на употреба на електрични возила не треба да се бара од Тесла 3 од 50,000 ЕУР. Заради рејнџот од 500 км таа е прескапа ако единствена причина за купување е cost - benefit анализа. 
Многу е очигледно - цел на електрификација треба примарно да се такси компании и разноразни други сервиси кои дневно вртат по 100 км низ град и може да се дополнат по потреба на брзи полачи. Нема некој бенефит за екологија ако некој купи електрично возило и со него оди до работа и назад.

Може, само што кај нив има повеќе бенефит од логична употреба а не од никаков рејнџ. На пример неплагин хибрид. Возило кое се полни за 3 минути и тера низ град идеално.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2082 на: 07 Март 2020, 19:35:59 pm »
Не.
Кај нас, во...



.... "Европава"

Пак останува дека во цела европа нема за 35к евра Тесла.

Каде прочита дека сум пишал дека има?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3798
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2083 на: 07 Март 2020, 20:38:06 pm »
И пак се сведува на тоа дека се супер ама се скапи :D И авион да имаш е супер, ама е скапо :D За жал во Европа живееме. Во Америка сите возила се поефтини i многу многу појаки, искрено, им завидувам, но тоа е :(
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2084 на: 07 Март 2020, 20:50:21 pm »
И пак се сведува на тоа дека се супер ама се скапи :D И авион да имаш е супер, ама е скапо :D За жал во Европа живееме. Во Америка сите возила се поефтини i многу многу појаки, искрено, им завидувам, но тоа е :(

И јас...

Поготово што америте од една страна ем немаат толку строги еко норми, а ги фатија ВЊ во лага, а од друга страна ем имаат појаки и поефтини возила и од овие со внатрешно соговорување и од електричниве.

ЕУ за овие работи се понаша у стилу "ем шуто ем боде"....ем вовдеува строги еко норми, ем најпродаваниот проиводител на возила е преварант под државна капа, ем електричните возила се прескапи, ем овие со внатрешно согорување стануваат се поскапи, а освен поголем тач скрин нудат се помалку во однос на цената.

@Fic_CC  ако може знамето и орелот....