Поедноставен за одржување?
Да, поедноставен. Сигурно сиот тој систем на високоволтажна батерија во подот нема да тера цело време без проблеми и совршено мазно. Едно мало оштетување на батериите или било кој високонапонски дел на колата повлеквуа промена на целиот тој дел. Мала сообраќајка со колата, удрна на лошо место може да ја направи неупотреблива.
Впрочем ти си најдобар пример. Пред скоро време зимаше нова кола, така да постоеја тогаш хибридни и плаг ин модели во скоро сите класи на возила, како голем почитувач на тој тип на возила, зоштo не се одлучи за некое од тие?
Не е поедноставен, напротив електричните склопови се далеку поедноставни за одржување, за производство и далеку помалку работи можат да тргнат наопаку.
Батеријата под подот е одлично изолирана од ризици и оштетувања и при секојдневни удари не се оштетува. Високонапонски или нисконапонски дел сосем небитно исто така не се оштетува и расипува затоа што нема движечки делови. Ако е склопот имобилизиран ќе трае со векови. Дури и ако се оштети проста е работата, земаш и мењаш, цените на тие склопови паѓаат нон стоп.
Јас кога купував нова кола имав соодветни критериуми. Важно ми беше да можам да ја возам колата со малку трошоци, но колата мораше да има моноволуменска шасија и голем гепек за да можам во неа да сместам медицински помагала за пошироката фамилија. Одговараше само караван изведба. Во тоа време Корола караван или Аурис веќе не можеше да се порача. Ја чекав новата корола караван која беше овозможено да се порача неколку месеци подоцна. Мене возило ми требаше веднаш. Цената кога излезе беше 24.000 во основна варијанта со 1.8 хибриден склоп, односно на почетокот можеше само со 2.0 да се порача, што кошташе над 26.500 што беше далеку над буџетот.
Така да ограничувањето на буџетот и сетот на опрема и функционалности кои ми беа пресудни ме натераа на друга страна да погледнам и да не направам слеп и непромислен избор па да рушам ѕид со глава. Едноставно се помирив со моментот дека мојот стандард во моментот не ми дозволува да изберам тоа што сакам и што би избрал. Сеуште сонувам да ја имам новата Корола караван во хибридна изведба со CVT пренос и еден ден ќе ја имам, можеби фејслифтирана или пак некој понов модел од друг бренд. Едно е сигурно дека моменталново возило што го имам планирам да го возам 5-6 години најмногу, но кога ќе го сменам тоа сигурно ќе биде некој хибрид, можеби плаг ин. Искрено се надевам дека до тогаш целосно електричните возила доволно ќе напреднат па ќе понудат добар рејнџ, чарџ тајм и цена за да ги земам во предвид.