Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Веројатно мислиш на радиоактивен отпад, а не на осиромашен ураниум ама се разбираме.
Corolla Touring Sports 2.0 или Camry 2.5.Corollata Pano Roof со највисокото ниво на опрема ја пробав 25км град и отворено и бев ептен задоволен од возни својства, малце е непрегледна во задниот дел ама има камера за рикверц па тоа е занемарливо, за тие 25км покажа просек од 6.6л, а на обиколница ја цапнав убаво, каталошка цена 32490€, јас добив понуда 29490€, со оглед на опремата со која што доаѓа цената е солидна.Camry не можеа да ми дадат на тест бидејќи беше капарисано сребреното, за него во највисоко ниво на опрема добив понуда од 33490€, е за мене тоа е колиште, строго за крузање, во град не би се пикал 4.9м е долга и ептен е широка, лаѓа во права смисла.Ми преостана уште Superb да пробам TDI DSG 190ка ако имаат за тест, ама дизел некако што знам...Многу тапа работа што седанот Corolla нема 2.0 мотор, инаку би било идеално, а и цената би била одлична убаво опремена.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)