Во 2019 година компанијата Maserati ќе пушти на пазарот електричен спортски автомобил. Ова го истакнува изданието на Bloomberg, кое се повикува на шефот на Алијансата Fiat Chrysler Automobiles (FCA), Серџо Маркионе.

„Искрено, економскиот модел на Tesla Motors не ми дава ниту миг мир. Задолжително треба да земеме пример од него и мислам дека сличен експериментален проект може да биде спроведен од FCA до крајот на деценијата“, коментира Маркионе.
Според првичните податоци Алијансата ќе предложи електрична модификација на концептот Alfieri кој беше прикажан во 2014 година на автосалонот во Женева. Се очекува спортското купе со мотор со внатрешно согорување да излезе во 2018 година, а една година подоцна Maserati да ја претстави и негова електрична верзија.
Маркионе исто така, потврди дека до 2021 година Maserati ќе го нуди секој свој модел и во хибридна модификација. Тоа значи дека за пет години на пазарот ќе се појават бензински-електрични верзии на Quattroporte, GranTurismo, GranCabrio, Ghibli и Levante.