Споредбата од прва ти е промашена - споредуваш електрично возило со Мотор со Внатрешно Согорување.
Нејсе, електрично возило и класично возило се итекако споредливи. И треба да бидат - бидејќи само со споредување можеме да извлечеме вистински и релевантен заклучок.
Tesla-та (технички) се споредува со BMW 5. Чувството внатре е сосема различно, и според мене, недоволно луксузно за да може вистински да парира на BMW 5 и останатите. Не е дека е лошо, едноставно не е доволно добро за да може да биде реален конкурент. За жал, возило што кошта (од) 60-и-кусур илјади евра во Европа (јас конфигурирав возило што кошта 102.000 евра) внатре оддава чувство на возило што кошта значително помалку и има огромен (дури непрактичен, според мене) таблет во средина.
Како што е сега, ќе ја купуваат луѓе што ќе се пуваат дека возат електрично возило.
Хауевер, Теслата е кул и е (најверојатно, покрај горивни ќелии) иднината. Ми се допаѓа што веќе е достапна технологијата за да се изведе, а и забрзано се работи на инфраструктурата која е потребна за секојдневно функционирање на овие возила. Сепак, ако го издвоиме ентериерот, не е доволно добар, барем не доволно „техно“ за да одговара на технологијата која се крие под кожата на возилото - а сепак најголем дел од времето би го поминувале внатре.