Некој мислење за хибридите на Сузуки... потрошувачка и квалитет?
За искуството со колата ти пишав во друга тема, тука конкретно за погонот.
Се работи за mild hybrid, колку што имам читано по нет, електромоторот е врзан со радилицата некако и помага во работата на моторот цело време. Додава само 8 коња, ама побитно - додава 40 Nm што прави огромна разлика споредено со нехибридната верзија и конкуренцијата. Батеријата е малечка, има 8 години гаранција мислам и заменска чини 400 евра, наспроти 3000 евра на оние на Тојота, ама па со толку мала батерија нема никаква автономија како Тојотите што идат 30-40км само на батерија. Батеријата се полни/празни како што возиш и воопшто не треба да се замараш што имаш батерија во колата.
Една интересна работа е што акумулаторот во колава има функција само како пеглач на струјата, све друго во колата работи од батеријата, па има многу брз старт/стоп.
Ако купуваш кола со ваков погон или сличен, не зимај атмосферец и не зимај CVT менувач. Комбинацијата на турбина + електромотор е доста интересна и забавна за возење.