Јас кога ги земав другите(сегашните) 18ки, имаа гуми Мишелин Супер Спорт. Имаше мислам околу 3мм. Гумата е премногу мека. Сите каменчиња по патот се лепеа за гумата. После некое време, паднат каменчињата, ама додека се загрее гумата, бетер трактор да возам.
Мишелинот многу брзо се троше, меки се, ПРЕМНОГУ се бучни, се додека не излезеш на автопат. Се мислев помеѓу Мишелин, Континентал и Гудјеар. Си земав Goodyear Eagle F1 Asymmetric 3 225/40 18 и 255/35 18, колата како да лета по патот, како да не допира на патот.
Потивка гума, здравје, а прочитав наназад имаше некој спомнено демек Гудјеар Ефф. биле многу гласни... неточно. Гудјеар ги има најтифките гуми, особено Гудјеар Еффгрип.
Ги пробав на релација Шведска-Холандија-Шведска. Особено па по автопатот во Холандијам, колата буквално лебдеше. Подобар автопат од тај во Холандија немам сретнато. Особено новиот автопат кон Амстердам со 5ленти во еден правец...
и една плавуша со новата маздичка мх5 кабрио пред тебе, а гужва од работа, околу 5-6 часот, автопат со 5 ленти во застој... среќа бев сам, ако беше жената со мене, ке требаше да прелетувам коли
