Лани кога мењав летни/зимски во Пнеуматик - Аеродром, ми замениле 2 гуми без да приметам. Ми шибнале Nexen у ќесите ама понови, старите беа Pirelli....небитно пошо не чувам фискални и дури сега приметив не можам ништо околу тоа. Ова чисто како инфо да знаете да си пазите, дали е намерно или не, не знам.
Друг проблем: на една од старите се појави цицка (испапчување на страничен ѕид) од внатрешна страна. Значи морам да ја менувам таа ама другите се ок, е сега дали да менувам само една или двете задни (погонски)? Може да прави проблеми ако една гума е понова од останатите?
Ја би ги сменил сите 4 тоа знам дека е најдобро сценарио, ама ќе останам со 3 гуми кои сеуште можам да ги возам, ќе треба да ги продавам на парче...не ми се замара и многу пари ќе ми отидат непланирано.
Предлози?