Би сакал доколку може да ми дадете совет за купување на 2 летни гуми. Старите летни гуми ми се Bridgestone ER300 и се покажа како добри со оглед на фактот што не поминувам повеќе од 4000 километри со летни гуми. Поради тоа, им фрлив око на Bridgestone Touranza T001 (4500 денари за 205/55/16) кои се нови модели и се помеки во однос на моите стари.
Ме интересира дали некој има да сподели искуство со наведениот тип на гуми, или пак да даде предлог за некои други кои се во истиот ценовен ранг а се квалитетни за парите.
