Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Ете за такво реално искуство зборувам. Од прва рака да се каже. Колку илјади километри имаш поминато со нив Тишлауфер?
Во видеото не се кои било зимски туку се Континентал ТС850. Освен со ланци нема нешто подобро од нив.
Возев баш тој период кога не беше исчистен автопатот и по Куманово ништо не беше исчистено и немав никаков проблем со гумите. Никогаш не ставив ланци и не се секирав дека ке излизга или ке ме заебе некаде. Бев и на Шапка по снег и немаше никаков проблем. Куманово - Скопје преку Романовце стрмен пат неисчистен и целит со лед и излегов. Ти си гледал видео дека не ги бива и одма даваш коментари негативни. Има 100 други видеа каде гумите се подобри од многу зимски гуми или тие не ти стигнале на ред да ги гледаш ?
Ај те молам детално слики, импресии, коментари. Зошто за втора кола гумиве им личат дека се многу логичен избор.CrossClimate со димензија 185 65 R15 ги возам веќе втора година поточно од јули 2015 и мислам дека нема подобра 4 сезонска гума, а поготово за скопјево со дупки на секој чекор идеални ми се погодија.Значи скоро две лета и две зими ги возам и не осеќам дека изгубија на перфоманси уопште само редовно ги ротирам и нема гајле. Тој што не ги возел и осетил нека не кажуе многу зашто гумите се екстра за нашиве патишта само цената е малце повисока ама вредат секоја пара.(јас ги купив од бугарија за 60 евра од гума )