Од Stop-Go земени денеска Good Year Eagle F1 Asymmetric 3 во димензија 235/45Р17 94Y. Сега за сега немам некој впечатоци зошто ги извозев 50ина км.
И како гумиве? Споредба со некои други што си ги возел?
Досега во овие 2000+км одлично. Во споредба со Good Year Eagle F1 Asymmetric 2 кои што ги возев предходно би рекол дека имаат ист грип на почетокот, или пак мојата кола неможе да го искористи дополнителниот грип кај овие што ми е поверојатно

. Како и да е не сум ги донел во ситуација да се запали ЕСП то. Рака на срце не сум им направил некој претерано добар тест на враќање од Ск или на Плетвар но до сега се супер и јас сум презадоволен. Сега на дождовиве исто така сум задоволен, немам осетено аквапилинг, губење тракција и сл.
На кој му треба ваков тип на гума ја препрачувам 100 процентно.
Инаку зошто се спомна колку имаат шара гумите нови, баш кога ги купив ги измерив и имаат 8мм шара кога се нови.