- Не се исплати доплата за Мишелин ПС3 во однос на Примаси3, освен ако не се работи за високотуражна кола, поготово ако поголем дел од километрите се возат низ град
- Вентус Прајм 2 е поконфорна и потрајна споредено со V12 и S1. Вторите 2 се одлични, V12 насочени, S1 асиметрични. S1 се вградува фабрички во BMW, Mercedes, Audi. Дечкото ме убедуваше дека трба да одам на S1 XL, со поголема носивост, зајакнати страни, ама не сум сигурен дека така би играл.
- Гудијер ЕГ е понова гума од Ф1 и користи нови компоненти, таа ми ја препорачаа
- Вредештајнот се перверзија, поготово Сесанта.
- За Нокианот ми кажаа дека има рим протектор. Барав да ми покажат. Ми покажаа Nokian zLine и ми рекоа, па исто е 
- Барумот на двете места каде што ми ги понудија ги испофалија и фино изгледаат
Одличен елаборат. ќе пробам точка по точка да коментирам:
1. Се исплати доплатата од 1000 денари, PilotSport е одлична гума, со одличен страничен супорт (веројатно дифолт XL ќе бидат), за поспортско возење и подобар риспонс од патот се „мајка“.
2. Ventus S1 Ево2 и понатаму мислам дека се одлична гума во однос вложено/добиено, иако MAPJAN рече дека не го бендисале многу.
3. Не знам за гудер, не сум информисан...
4. Није свеједно 
5. Куоре ги фали, ФилипМ ги фали... Јас би ги прерипал.
Јас сега кога би требало да купувам гуми во оваа димензија, би се одлучил за Hankook S1 Evo2. Цената е одлична, сите тестови и показатели исто така влеваат доверба. И повеќе сум фан на асиметрични од дирекциони гуми (незнам зошто, ете така, поубаво ми изгледаат...)
1. Mоже јас не објаснив поубаво

. Маабетот на гумарот беше, дека за мене конкретно Примаси би бил подобар избор. ПС3 повеќе време им треба да се загреат, колата се вози претежно низ град, пократки релации и Примасито повеќе ќе траат.
2. Мене ми нудеше со индекс на носивост 94, не 91 и со зајакнати страници (XL). Што мислите, треба да го послушам советот или да си идам стандарт?