@mushovlae
Могуќе. Не викам не. Гумиве се нови, така да претпоставувам дека во првите две години ке бидат сосема ОК ако ништо повеќе од тоа. Колата ја земав во февруари, така да ги возев и на температури под 10 степени скоро месец дена. Беа супер.
Е дали е заради тоа што се ептен нови, или заради тоа што не се произведени во европа, не би можел да кажам.
+ гледам по тестовиве, на АДАК со Мишелин енерџи сејвер, континентал еко контакт5 се тука некаде, како тројка некоја по квалитет и перформанси, а ценовно ханкокот кинерџи еко е поефтин. Затоа може да се рече дека за парите се добива сосема пристојна гума.