Јас на меганот 4 пара имав користено В12 ево за димензија 205/50 17. Ама за жал не сум воопшто задоволен. Да не дојде забуна, перформансиве беа супер, но за жал вака субјективно многу брзо се трошеа, и друга поважна работа од вкупно 8 гуми првин на една гума ми се појави балон (цицка) на ѕидовите. Па после наредна сезона пак ми се случи истото само на друга гума. Што значи дека сум купил 10 гуми и кога ќе си направиш математика, купи си нешто подобро. Ама ево2 мислам дека е понова гума па можеби овие проблеми ги нема. Или види си некоја друга гума од рангот на Ханкок, не мора да е Мишелин или Континентал.