Пред некој ден договорено беше со ТДА за купување од моја страна на 8 Мишелинки.Претходно контактирано преку емаил и конкретно беше договорено за гуми произведени 2014.Од нивна страна ми беше понудено да ми бидат донесени гумите до дома во Кавадарци,бидејќи секоја среда имале транспорт до овој крај.Бидејќи бев на работа на стариот мој му се јавив да ги искешира,но му реков предходно да му ја провери датата на производство.Од 8 парчиња само две биле произведени 2014,поточно 4 недела 2014 а другите 2012.Нормално не ги зедов,се јавив во ТДА му ја кажав ситуацијата и дека сум многу разочаран од нивна страна.Дечкото неколку пати ми се јавуваше во текот на денов и ми се извинуваше,и ми рече дека во петок ќе ги добијам гумите и дали е во ред ako 4 од нив бидат 52 недела од 2013(последна недела од 2013) и 4 од нив 4 недела од 2014.Се согласив дека не е проблем,па очекувам во петок да ги добијам гумите.