За претстојните празници (и претстојното лето) да ве потсетам дека пневматиците на возилото треба да се напумпани драстично повеќе за оптеретено возило.
Бројките од 2.7, 2.8, 3.2 не се воопшто чудни и се многу нормални согласно возиото кое го имате. Ви ги пишува некаде околу вратите или на капачето за гориво.
Оние кои имате плински уреди, сметајте дека двајца на задната клупа, всушност се тројца на задната клупа ако се смета плинската боца. Значи и покачен притисок.
Претходно пишав дека треба повисок притисок во пнематиците за автопатски брзини од 160кмч нагоре. Уште повеќе е важно кога возилото е оптеретено.
http://www.tirerack.com/tires/tiretech/techpage.jsp?techid=1
Наслушнав и смешни муабети дека ќе ти пукнела гумата ако си ја напумпал на 3.8 или 5.2 бари. Немојте вакви работи, тоа се нормални притисоци за било која гума од денешницата. Таман работа да пукне на такви смешни бројки.
Пластично шише издржува 5.5 бари, та гумата ќе пукнела...
Скалпел и притисок 9.3, чисто да знаете за вас што возите. Гуми, а не пластични шишиња.
Без скалпел 17 бари стандардна гума од Нисан извадена: