Пазарени Michelin Latitude Tour HP, 4 комада за 600 евра.
Плус: многу тивка гума, речиси и да не се слуша шушкање во кабината. Фантастично однесување на мазен автопат, на мојата кола дефинитивно подобро „лепат“ од фабричките PremiumContact 2.
Минус: на нашите патишта полни со нерамнини ги осеќам и најмалите неправилности на патот, што малку ме иритира. Претходните CrossContact all-season пружаа поголемо удопство на неперфектни подлоги.
Начелно задоволен, долго време се двоумев меѓу Latitude Tour и Latitude Cross. Ќе видиме како ќе поднесат секојдневно возење по селски патишта со камчиња, локви и земја.
