А кој ви рекол дека пошироки гуми на иста кола лепат боље?
Ширината (не, не висината) на гумата произведувачот ја одредува според тежината на возилото (kerb и предвидена типична).
Контактната површина не се зголемува со просто зголемување на ширината на гумата. Доколку тежината на колата е непроменета, со ставање на поширока гума нагазната површина е по широка, но е истовремено и по тенка по другата, нормалната оска, па вкупната површина е иста.
Од друга страна, доколку тежината на колата е иста, притисокот по единица површина паѓа кај пошироките гуми, па така широчината не само што не носи подобро лепење на сув асфалт, туку и значајно ја зголемува склоноста кон аквапланирање, како и други видови губење тракција при растресита подлога.
Уште еднаш ќе ве советувам да не си играте курташак со гумите и да се држите до димензиите кои ги измозгал произведувачот.
Немојте сеа само со муабети „ја ги заменив фабричките со пошироки и стварно боље лепат“. Дали ги замени со ист модел/марка, само пошироки? Да не ти лепат боље не затоа што се пошироки, туку затоа што е боља и поскупа гума? Или можеби затоа што е нова?