Без разлика дали вашето возило има преден или заден погон, Pneumatik ви препорачува поновите гуми да ги ставите за задни, со цел да се постигне поголема безбедност во непредвидливи и тешки ситуации (ненадејно кочење,опасни кривини, итн.), особено на влажни патишта.
Бројни тестови покажале дека полесно е да се контролираат предните тркала отколку задните.
Предните гуми во основа побргу се трошат особено кај автомобилите со преден погон кои се најбројни во моментов.
Кога новите пневматици се ставени напред:
- Однесувањето на автомобилот ќе се промени бидејќи балансот на предните и задните гуми ќе биде обратен. Возачот навикнат на помало зафаќање напред, може да биде затекнат неподготвен.
- На лизгав пат, задните пневматици ќе се завлечат пред предните. Возачот нема да има можност да ги контролира задните гуми, што ќе доведе до извртување на возилото.
Кога новите пневматици се ставени позади:
- Справувањето со возилото ќе биде исто како и претходно затоа што влечењето ќе биде исто.
- Задното насочување ќе биде подобро и возачот без проблем ќе го контролира возилото во саканата насока.
За 4х4 возилата, Пнеуматик препорачува замена на сите четири пневматици во комплет, што подразбира иста големина, шара, намена, индекс на носивост/симбол на брзина, освен во случаи кога производителот дозволува различни предни гуми од задните.