Зимни возам Hankook Icept EVO и сум презадоволен, ContiSportContact 5, добри се и они но никаков посебен впечаток, мислам дека истото ќе го добиев и со секоја гума во таа димензија. Да напоменам само дека на дожд уште ги немам пробано, а таму имаат најдобри оценки. Додека ги возев на препорачан притисок(2,1 со 2,2) доста меки ми беа и тоа им беше добро за вожњата и комфорот но немав доволен фидбек од колата како што бев навикнат. Сега ги ставив на 2.3 и исто пак е претврдо во колата, фидбекот е одличен, грипот исто така одличен но нема нешто што ме воодушевува кај нив.