Да пишам збор два за гумите кој ги ставив, помина точно една недела и 750км одкога ги ставив, ги извозев во скоро сите ситуации, градска вожња, брзо возење на автопат, како и брза вожња по кривулест пат. Како референтни ќе ги земам Pirelli P Zoro Rosso во димензија 245/45 R17Y, зошто само тие сум ги возел во летна варијанта до сега.
Станува збор за Continental ContiSportContact5 95Y XL во димензија 235/45 R17, XL е ознака за потврди странични ѕидови на гумата. Гумата има одличен грип, и би рекол подобар од пирелито. Колата пролизгува значително помалку особено во градски ситуацијаа, а тоа беше нешто што ме нервираше многу. Секое тргање на семафор го палев АСР то, се до трета брзина, сега палењето на АСР то од 1ва па натаму е далеку потешко. Истото е и во кривините низ град. Зошто станува збор за кола со преден погон, големо меѓуоскино растојание и тежок нос доста го осеќам подобрувањето на грипот во овие кривини.
Друга пофалба за континенталов е дека се доста потивки него пирелито, значително потивки. До 160 воопшто не се слушаат, а и после тоа бучавата е доста помала него ли другите. Да не бидам сватен грешно, ги споредувам со пирелито кога беа нови и во добра состојба, последниве 5ккм беа во доста лоша состојба и воопшто не беа споредливи.
Збор, два за комфорот зошто тука највеќе се разликуваат, комфорот кај овие гуми е за 2 класи подобар него ли пирелито, ако не и повеќе

. Иако овие се со помал профил и очекував за нијанса да бидат потврди, имам сосема спротивно чувство дека возам за класа поголем автомобил. Тука ја приметив и најголемата разлика, иако континенталов се со дополнително зајакнати ѕидови, не се ни на пола од тоа што беа пирелито. Ова особено се приметува на малите нерамнини кој сега ги минам доста комфорно и тивко, кој и да се вози во колата го забележува подобрувањето во комфорот.
Е сега од предноста во комфорот, потекнува единствената друга слабост(ако може да се нарече така) наспрема пирелтио. А тоа е чувството на воланот, со пирелито кој имаа супер тврди ѕидови имав многу повеќе самодоверба во кривините кога ги возев со брзо темпо, многу повеќе се осеќаше што се случува со тркалата и асвалтот, со нив бев способен да извадам побрзо темпо на Скопје-Велес(ова го зимам како пример зошто најчесто тука пробувам што и како со гумите) без притоа да се најдам во ситуација да се уплашам или што и да е, едноставно влеваа повеќе самодоверба дека можеш повеќе. Но тоа е тоа, мора некаде да се изгуби за да се добие
Севкупно со овие гуми за овие 750 поминати километри сум пре задоволен. Ме радува што добив доста на комфор, и возењето сега е како во потполно друга полуксузна кола, грипот е извонреден и се доста тивки. Ги препорачувам на секој