СЕЗОНСКИ ГУМИ
Околу типовите на гуми (летни, зимски, универзални), колку повеќе прашувам, толку повеќе различни одговори добивам. Ова би требало да биде основна работа, што би требало еден просечен возач да ја знае. И покрај тоа, секој си толкува по свое. Некои викаат дека постојат само летни и зимски гуми, а дека универзални гуми се измишљотина. Други викаат дека има летни, зимски и универзални гуми, ама кога ќе земат да објаснуват како да ги распознаваш, едни кажуваат едно, други кажуваат друго. Постојат повеќе ознаки на гумите, кои се однесуваат на сезоната за која се наменети. Само не сите ги толкуваат исто. Тие што се разбираат, не ги ни гледаат ознаките, туку ги разликуваат гумите по шарата (густина, широчина и длабочина на рецките). Не сме сите вулканизери за да препознаваме шара на гумите. Така да, некој што стварно се разбира, нека ги разјасни ознакиве на гумите.
Јас ова го знам. Летните гуми имаат нацртан симбол сонце или на нив пишува summer. Зимските гуми имаат нацртан симбол снегулка или на нив пишува winter. Универзалните гуми имаат некоја од овие ознаки: Universal, All Seasons, All Weather или нацртани 4 симболи (сонце за лето, снегулка за зима, лист за пролет, облак со дожд за есен). Ме бунат следните 2 дополнителни ознаки, кои различно се толкуваат:
- ознака MUD SNOW
- ознака 3PMSF / нацртан симбол на планина со снегулка
ОЗНАКА MUD SNOW
Се сретнува напишана со поише варијанти: MS/M+S/M.S или нешто слично. Буквата М е скратено од mud на англиски (во превод кал). Буквата S е скратено од snow на англиски (во превод снег).
Некои викаат дека оваа ознака ја имаат зимските и универзалните гуми. Без разлика дали се во право, пак не знаеш каква ти е гумата. Викаат зимска или универзална. Тогаш, каква е? Или е едното или е другото?
На друго место, викаат дека по оваа ознака не можеш да познаеш дали гумите се летни, зимски или универзални. Ознака само кажува дека гумата поминала тест за минимални барања при возење по кал и снег. Или дека има подобри перформанси на кал и снег, споредено со гума, без ваква ознака.
ОЗНАКА 3PMSF
Ознаката е кратенка од 3 Peak Mountain Snow Flake на англиски. Преведено, тоа доаѓа, 3 планински врвови со снегулка. Освен вака напишана, може да ја има како нацртан симбол со 3 планински врвови со снегулка. Едни викаат дека ова е ознака за универзални гуми. Други викаат дека е вид на зимски гуми.
Еве линкови, каде даваат различни толкувања на ознаките:
http://www.avtoskolamartin.mk/blog-statija/71215/doznajte-shto-znachat-oznakite-na-gumite/https://kajgana.com/shto-znachat-brojkite-i-bukvite-na-gumitehttps://egumi.mk/shto-znachi-m-s-a-shto-se-pravi-zimski-gumi/https://snowtyres.com.au/learn/tyres-explained/ Имам Mazda 2, купена на старо. Не сум менувал гуми. На гумите нема ознаки Universal, All Seasons, All Weather и нема нацртани 4 симболи. Има симбол со нацртана снегулка и ги има двете дополнителни ознаки:
- ознака MUD SNOW
- ознака 3PMSF / нацртан симбол на планина со снегулка
Во сервисот на Mazda, ми рекоа дека гумите се универзални. Не сум сигурен дали се во право.
Уште еднаш кажувам. Некој што стварно се разбира, нека ги објасни ознакиве на гумите.
КАКО ПОЗНАВАШ ДАЛИ ГУМАТА Е УНИВЕРЗАЛНА ?