Да се ставаат летни или рано е?
Прво, на зимските ништо нема да им биде на овие температури.
За летните па исто така не е драма, освен законскиот дел на папир.
За овие 30и кусур години возачко искуство, полиција ниту еднаш не ми загледувала какви гуми возам, или па да ми мери длабочина на шара, само неколку пати прашано/проверено дали имам ланци во гепек кои секако си лежат таму.
Тоа па со шпенаглите во прва помош ми се чини дека е само мит, или па ако навистина се има случено гарант било предизвикано од паметување од страна на возачот.