Во неколку наврати си ги пофалил Матадорот.
Истите пред 3 години ги ставив на Пасатот. Уште првата зима не можев да излезам од гаража, на пристапната рампа имаше 4мм снег.
Еднаш возев по неисчистен регионален пат, слој снег, натапкан. Ептен несигурно се осеќав, нестабилно се понашаа, за разлика од претходните евтини зимски Тигар Винтер со кои сум поминал доста сјебани патчиња со снег и делумно подмрзнати. Сум се качувал по планини во лоши услови, дефинитивно сосема подруг филинг со Тигар Винтер
За останатите сезони беа сосема океј, прописно истестирани во кривини на Плетвар, истестирани на дожд, на суво, сосема ок просечни гуми.
После некои 35 000 км, меѓу кои возени и на скопски апсфалт на плус 100 степени надвор, немат некои забележливи аномалии, во солидна состојба се.
Заклучок од моето искуство со Матадор МП 62: За дрнкање на суво и влажно време се сосема ок, просечна гума, домаќински да си ја возиш. Немаат гајле од жежок асфалт, барем немаат овие што се 3 години стари. Не се замараш со вулканизери за промена есен/пролет. За на снег, тапа!