Ме изненади Гудјиарот со кочењето на суво и мокро, доста подолго кочење (скоро 6 м плус) во двата случаи од референтната летна гума, што е прилично лошо. На снег е прва лига, ама па ептен ретко ја возам колата на снег. Ќе треба да направам дополнителна споредба за оние работи кои мене ми се најбитни па да видам која гума во тоа е најдобра, али тоа здравје на пролет.