Сепак CrossClimate 2 е најдоброто на пазарот доколку некој се одлучи за целосезонски. Иако лично мислам дека е премногу топло за поголемиот дел од годината за нив.
Од лично искуство не би се сложил воопшто со тебе.
Моментално возам Michelin CrossClimate на едната кола, на другата GoodYear 4S Gen3, и на третата тукушто ставив KUMHO Solus 4Ѕ H32 (планирано е да се стават побуџет варијанта на гуми заради начинот на експлоатација на возилото).
За мишелинот и за гудјеарот можам да дадам свое мислење, за кумхото се уште немам доволно поминати километри да дадам соодветно мислење. Само можам да кажам дека сум презадоволен од извозените 2 до 3000 км до сега, а и пријатно изненаден од удобноста која ја доби колата после промената.
Мишелинот беа добри првото лето и првата зима, зима но со резерва на несигурност, за да втората зима таа несигурност се потврди и донесе заклучок дека гумите се малтене летна варијанта, која што третата летна сезона станаа како да се санки дури и на сив асфалт.АБС-от на секое второ кочење ако е малку поагресивно се пали.
Во компарација со Гудјеарот се буквално нула. Прво се тврди и неудобни, лесно пролизгуваат и после поминати 20 000 км почнаа да тропаат.
Гудјеарот во споредба со нив се како да возиш по облаци буквално, возењето е вистинско уживање. Шарата е повеќе на зимска варијанта, па затоа летно време треба малку да се пренапумпани... Прва сезона, втора сезона, возењето е скоро идентично, третата е на само чекор од мене. Јас презадоволен! Верувам дека нема да ги изгубат перформансите како што тоа рапидно се случи со мишелинот.
Мора да се нагласи дека овој тип на гуми не е наменет за беснеење по патиштата, туку е наменет за нормално возење и експлоатација.
Уште недела две и мишелинот го пензионирам и ставам и на оваа кола GY 4Ѕ.
Кумхото до сега се покажаа како перфектна буџет варијанта, иако имаат шарка како ГЈ, со рецки како за зимска шара. Јас сум повторно презадоволен од вложено и добиено. Ке почекам само да видам како ке се однесува следно лето колата, во нова сезона. Возни својства и слично.