Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1780171 пати)

Отсутен Ineedmoney

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13080 на: 12 Септември 2023, 08:25:40 am »
Спомна еден колега погоре, Hankook, види го моделот ICept RS3. Ја ги возам претходните RS2 веќе 5 години на поголемо и потешко возило, и сум презадоволен. Не глеј друго, и заборави на претходните предлози. Мислев дека се многу скапи и затоа не ги пишав.



Кажи ми, после 5 години, не се веќе испукани внатре меѓу ламелите RS2?
Иначе RS3 се нов модел ама лани слушнав позитивни коментари од други луѓе кои се разбираат и ги тестирале. Така да моментално, Hankook имаат од најдобрите гуми во сите категории, од летни, до 4 сезони до зимски.

Не се испукани воопшто, но се чувани прописно во подрум. Планирам да ги возам и сезонава која ќе им биде 6-та и воедно последна.
Димензија 205-55 Р16 на возило кое е ~ 1.4 тона празно. Возено редовно на планина и тестирани.
Кога ќе дојде време за замена идам на поновиот модел односно РС3.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13081 на: 12 Септември 2023, 08:39:38 am »
Како што пишав пред некоја страна, беа земени 2 целосезонски Матадор All Weather Evo, ставени на преден погон, сега има 4 исти гуми и ќе заборавиме за ротација неколку години (напред - назад).



Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13082 на: 12 Септември 2023, 17:15:31 pm »
Одлични гуми се Матадорот, рамо малку бучни, согласно намената. Моите еве 5-та година сеуште немаат знаци на пукање.

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13083 на: 12 Септември 2023, 20:51:03 pm »
Кај можам да најдам BFGoodrich G-Force Winter2
Од олимпико добив маил дека немаат повеќе и дека нема да имаат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13084 на: 13 Септември 2023, 08:25:09 am »
Кај можам да најдам BFGoodrich G-Force Winter2
Од олимпико добив маил дека немаат повеќе и дека нема да имаат.
Не сфаќам како може да нема да имаат кога е актуелен модел на BFGoodrich. Ако нив ги немаат какви зимски тогаш ќе имаат?
Ако немаат BF, тогаш гледај Kleber Krisalp HP3, истата гума е

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13085 на: 13 Септември 2023, 09:27:18 am »
Кај можам да најдам BFGoodrich G-Force Winter2
Од олимпико добив маил дека немаат повеќе и дека нема да имаат.
Не сфаќам како може да нема да имаат кога е актуелен модел на BFGoodrich. Ако нив ги немаат какви зимски тогаш ќе имаат?
Ако немаат BF, тогаш гледај Kleber Krisalp HP3, истата гума е
Ова е понудата од кај нив.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13086 на: 13 Септември 2023, 10:03:49 am »
Препорака за гуми allseason 185/65/15?
Ја возам колава секој ден, ама малку км, па не можам веќе да се зезам со менување гуми на 6 месеци. Важно ми е да има ОК перформанси во зима, зошто местово е планинско. Цената да биде middle range, за скапо знам, Continental

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13087 на: 13 Септември 2023, 11:05:31 am »
За планинско место не знам какви перфорамнси ќе има целосезонска гума после 2-3 лета. Инаку, за континентален дел, градски услови, Матадор одлично си ја брка работата.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13088 на: 13 Септември 2023, 19:00:27 pm »
Кај можам да најдам BFGoodrich G-Force Winter2
Од олимпико добив маил дека немаат повеќе и дека нема да имаат.
Не сфаќам како може да нема да имаат кога е актуелен модел на BFGoodrich. Ако нив ги немаат какви зимски тогаш ќе имаат?
Ако немаат BF, тогаш гледај Kleber Krisalp HP3, истата гума е
Ова е понудата од кај нив.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Е добро де, моментално немаат, ќе добијат. Бестселер им е таа гума.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
  • Best Motors Worldwide
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13089 на: 13 Септември 2023, 23:08:49 pm »
Препорака за гуми allseason 185/65/15?
Ја возам колава секој ден, ама малку км, па не можам веќе да се зезам со менување гуми на 6 месеци. Важно ми е да има ОК перформанси во зима, зошто местово е планинско. Цената да биде middle range, за скапо знам, Continental
@Leonid
Falken, EUROALL SEASON AS210
Kleber, QUADRAXER 3
Kumho, Solus 4S HA32
Vredestein, Quatrac
Firestone multiseason 2
BF Goodrich, ADVANTAGE ALL-SEASON
nexen N'blue 4Season 2

Probaj ovaa da ja najdes:
Hankook Kinergy 4S² (H 750)


---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13090 на: 17 Септември 2023, 00:38:29 am »
Може не кочи добро, ама ко ќе закачиш Фтора...

Во која категорија спаѓа ова, убиство од небрежност или убиство со умисла?

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13091 на: 17 Септември 2023, 00:40:58 am »
Заборавил центрирање. Toe wear. Гумата ќе истера уште 4 години  ;D ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13092 на: 18 Септември 2023, 09:46:38 am »
Кога ќе ви се избуши гума, барате да ви ја залепат на „стариот“ начин, класично со лепенка (со демонтажа на гумата) или одите со чеп? Знам дека со чеп е побрзо ама не сум сигурен дали е најдобро, ваши искуства?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13093 на: 18 Септември 2023, 10:19:58 am »
Со чивија сум возел и никаков проблем сум немал, не попуштила. Зависи како е дупната сепак.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13094 на: 18 Септември 2023, 10:26:55 am »
Мене клучеви ми се заденаа од надвор поприлично голем расцепот од внатре две дупки се, да се лепи ми рекоа демек 600 денари али колку е безбедно со две такви дупки да се лепи и вози не знам од надвор е поприлично расечена, а шара и добра гума морав зимска да ставам да не се влечам со малецката