Летните гуми ми се при крај или на сам крај, година 2016 и најмалку 50.000 км, полека размислувам за следната сезона, дали да ги возам уште една година и ако земам дали да одам на летни или целосезонски (со сите предности и мани).
Колата најверојатно ќе се вози, да сме живи и здрави, уште некои 2-3 години, па не сум сигурен која е најдобрата опција.
Освен познатите факти за целосезонски, фактот дека имам и зимски гуми на челични, година 2018 и некои 15-20.000 км плафон (сега ќе им биде четврта сезона), повеќе ме набедува да земам летни.
Ако следната година останам со истите летни, дали понаредната сезона (2024) таман и на зимските ќе им биде време за замена, па да влезат во план целосезонски или ќе немаат гајле зимските уште 2-3 сезони па комотно само летни да си земам?
Еве слики од летните, ова е слика од преден погон и „подобрите“:

Еве слика и од задниот погон (знам дека држи вода дека подобра гума треба да оди позади):
