Ама ме рчна сега, гледав за мојата димензија и ова на пример за мене е стварно добра понуда, Good Year Vector 4 seasons за 4.900 ден, мислам дека вреди да се дадат 900 ден повеќе од гума во однос на Савата (која е 4.000 ден, мада на едно место најдов и за 3.800 ден).
https://www.novigumi.mk/shop/site/patnichki/205-55r16-91h-vector-4seasons-2/
Јас ги имам Goodyear-от и веќе 35К км имам пројдено со нив, а пошто сум втор сопственик на возилото, вкупно имаат околу 44К км поминато. За овие 2 години се покажаа одлично, дури и на снег, и тоа на подмрзнат и на угорница, каде немав проблем да се искачам. Кога ќе им дојде време за мењање, а тоа мислам дека ќе е следното лето, прв избор пак ќе ми биде истата гума, или понова варијанта ако има

Да напоменам само дека живеам во Германија, каде последниве две лета и беа прилично топли, да не речам како и во Македонија, а зимите не се толку студени, но се подолги, то ест ниските температури под 7 степени се чести. Најчесто колата се вози на отворен пат, брзини 120-130, некогаш на подолги релации и 150-160, а многу ретко низ град, ако нешто значи ова.