Вчера бев да ми залепат гума на Пунтото, имаше шајка и помалку пушташе. Се работи за летна гума на Ханкок произведена 2016 година, таа година и беше монтирана. Гумите (две се летни Ханкук од 2016 и две се целосезонски Матадор од лани). Се возат цела година (со ротација). Ме изненади тоа што гумата (Ханкок важи за поквалитетен) е испукана и тоа доста (како странично, така и по газниот слој по должина). Не се малку 5 години, колата во просек годишно поминува 6-7.000 км, шарата е како на нова гума, ама условите на експлоатација (топло-ладно) си го направиле своето.
Како за споредба, летните Фулда на Сеникот се исто 2016 година ама се возат само во лето и после соодветно се третирани (темелно чистење, сонакс спреј за гуми, скалдирани по пропис) и воопшто не се испукани (можеби некоја микропукнатина).
Баш ме интересира, за некоја година да сме живи и здрави, како ќе се покажат целосезонските, дали ќе почне да испукуваат како летните.