Се сторив наградно со нови патики!

За волја на вистината, морам да ги пофалам Black Chili Experience, после толку радување дека бевме избрани од наградната игра во 2020 да патуваме на настанот во Прованса/Франција кој во план беше да се одржи на почетокот на Јуни, 2021, (ама со голема тага и разочарување

) после многу натегања поради короната беше откажан настанот и доделена ептен вредна награда во замена. Искрено многу ми е криво што не добив прилика да учествувам на таков драјвинг настан, уште повеќе поради локацијата.

Морам да го пофалам локалниот наш застапник и дистрибутер (да не го рекламирам со име) за многу коректната и експедитивна реализација со термин и монтажа! Повеќе време чекав одобрување од Конти, Германија.

Без лажна скромност или убедување, во иднина учествувајте и можеби некој ќе биде среќник!