Каде имаше ваков совет? Не видов никој да препорача некому да не води сметка за својата кола и безбедност и дека спортските гуми некако го ослободоуваат од тоа колата да му биде исправна. Каде некој рече дека фокусот на безбедноста е во спортските гуми?
Ова можеби е постот што ја отсликува целата ситуација во целата тема или можеби целиот форум. Тоа постарите членови подобро знаат, но темата е опишано најдобро што може во 3-4 реда. Претходно пишани се неколку страни во кои се спомнати и спортски гуми како Hankook Ventus S1 evo2 што според мене се непотребни во споредба со понудата за туринг гумите.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,455.msg1148304.html#msg1148304
Не гледам низ постовите дека некој некому сугерирал дека гумите ќе ја заменат сигурноста на другите елементи од возилото. Оваа теза си ја измисли и ја уфлри овде и ја мантраш цело време без никаква основа.
Ако некој решил да си истера ќеиф и убаво му е да си потроши екстра паричака не ка си потроши. Со сигурност тие гуми ќе поудат подобро „хендлање“ во одредена ситуација, во која ни со полоши гуми нема да загинеш. Со оваа твоја теза секоја афтермаркет модификација треба да се исфрли од листа на желби пошто ако не е рационално целосно ќе те упаси „полицијата за фрлање пари“. На пример ако на истата Астра Ј со 90кс и купиш пократки спирали.
Повторно доаѓаме до оној момент „да истера ќеиф“. 
Не станува збор за ќефови, туку како да се испланираат средства за трошење на кола. Пример имаме буџет за одржување од 1.000€. Мојата логика вели подобро е да се земат туринг гуми кои ќе траат подолго, а ќе го имаат потполно истиот ефект (не знам какво „хендлање“ е тоа ако возиш нормално) како и спортските со тоа што спортските побрзо ќе се потрошат и остатокот од средствата да се средат други делови или заменат за подобри. Колите имаат мал милион делови иако некои се помали други поголеми.
Да, полицијата ќе те фати за „фрлање пари“ ако ги нема некој од другите делови од колата средено како што треба. Може да те исклучи од сообраќај и да си продолжиш пешки или да не поминеш на технички. 
Ако некој потроши 200 евра повеќе на гума од што е рацинално не значи дека ја поткопал безбедност на својот автомобил. Едноставно може не купил Sony телевизор и решил дека ќе земе Grundig. Како ја изнајде тезава не ми е јасно.
Не разбрав зошто некој да не истара ќеиф, зошто рациналното трошење средства е примарна цел за своето лично возило кое е исто така дело од концептот за лично задоволство. Еве може тебе да не ти изгледа дека некому Пунто со 55кс некому може да му прави ќеиф. Ако тебе не ти е разбирливо не значи дека некому не му е арно да си го истера својот ќеиф.
Сите овие муабети се свртени 30 пати низ истава тема и не ми е јасно од каде потреба за ова напињање дека сите што сакаат да си потрошат повеќе пари да истераат ќеиф, мораат да се рационализираат себеси и да ги сочуваат парите.
И баш ме интересира кое било то искуство твое со вакви спортски гуми кое те натерало волку жестоко да се спротивставуваш на нивното користење во за тебе нетка логични состојби? Во ред е, не ги сакај не ги купувај, не ги вози. Но во повеќето твои коментари нема ништо освен напињање дек не е рационално.
И да, факт е дека и хендлањето и безбедноста се подобри во статистичка смисла. Субјективно оној ко ги фрлил парите на таков ќеиф може и ќе си умисли дека тоа навистина е така. Но и тоа е одредена придобивака за парите.