Сѐ додека ме "крадат" кај нас на цена со премиумите, со од прилика една цела гума на сет, јас ќе возам Сава летни, кои според ADAC најмногу заостануваат зад премиумите единствено на влажно, и тоа сигурно нијанси се во прашање. Имајќи во предвид каде живееме и со колку сончеви денови располагаме, со цената на 4 премиум гуми, јас ќе возам два сета со скоро идентична шара сите 6 години, во мојот случај ќе ги возам 8-10 години иста шара оти вртам 6-10ккм годишно.
Можам да искеширам 600 евра за премиум и да не напраам дупка во џебот, ама нејќам да ме дупчат на здрав мозок со цениве. Нека ги нормализираат цените, со задоволство ќе им ги искеширам.