Кога сме кај гуми. Денес пријатно изненаден од Мотоцентар, по првичниот разговор со фина цура на телефон од сервисот во „Усје“, договоривме цена, ми посочија пристојно за попустот, и дополнителниот попуст од наградната игра (да не рекламирам, сигурно ви изрипала реклама од некаде за блек чили наградната игра), гумите во моја димензија беа во сервисот во Визбеово, каде што отидов и без посебни најави од фината цура, им кажав што сакам, и што сум договарал по телефон.
Откако потврдивме цени на гумите (од „лист прајс“ 85.000 денари отприлика), со 40% попуст и уште некои поволности дојдовме до цената од 54-5 илјадарки за четири гуми. Културно, самите се понудија да ми проверат дали бандашите се деформирани (бесплатно), секако прифатив (сите 4 прави пушка што ме изненади за 19-ки у наши услови акани), понудија нови вентили (секако при монтажа на нови гуми монтирам и нови вентили), и исто така ми понудија и „специјално“ балансирање со далеку поголема прецизност од стандардното, по (секако) повисока цена, но и тоа прифатив, не се распашав за принципот, но веројатно се работи за „force balancing". Успут веднаш ми дадоа клуб картица со 1.5% од вредноста на купувањето, па имам уште нешто за „дотрошуење“ следниот пат. Колата беше веднаш примена на работа, имаат специјална рампа за ниски коли, понудија и кафе или нешо друго за пиење (одбив, од корона причини), и целата процедура беше завршена за отприлика 30-тина минути.
Одилична услуга, на високо ниво во Мотоцентар. Секоја чест од мене! Така се тера бизнис!