сподели искуства, и ја ги меркам пошо се евтини, но не ги бие добар рејтинг на тестови
Jaс на тестовите видов полоши резултати на мокро кочење, не сум возел на мокро досега со нив па не можам да коментирам. Не е моја колата, ја возам десетина дена по сила на приликите... Овака делуваат многу подобро од 8 години старите бе-еф гудрич кои се сменија. Подобро се кочи, постабилно е во кривини, но не е дека сум ги „бркал“ нешто посебно, Матиз е сепак.

Малку се бучни, ама ништо дил-брејкинг.
За парите се добра вредност, посебно што ќе ги вози постар човек кој ретко вози а уште поретко на лошо време.
Во конкуренција беа и Вредстејн (не ми текнува кои) и Фулда екоконтрол (или така нешто), но на тестовите не беа нешто уаууу подобри а сепак осетно поскапи. Се мислев и за ол-сизн гуми, ама се предомислив со оглед на малата трајност и лошите перформанси на високи температури на лето. Колата сепак ќе се вози 90% на убаво време и дотичниве Сава перфекта би требало да бидат задоволителни за потребите.