@SaleSk ама ти на 14-ка бандажи си ги ставал?
Фабричките се 13-ки.
Кои димензии гуми може да се стават на фабричките бандажи од Даеву Матиз?
Претходно биле 145, сегашните се 155/70/13... Може пошироки од 155?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Пошто мал избор на гуми има за 155/70/13 (а 145ки ништо нема, ниту па сакам).
Мишелин/Континентал нема ништо во таа диманзија. All-season многу мал избор (скоро ништо), а ни за летни гуми изборот не е нешто голем па да направам компромис со некои што барем имаат добро кочење на мокро.
Постар човек е шоферот, споро вози ама глупаво е да не му се пружат сите предности што може да ги има... Како подобро кочење.
165/70 13 е гума што ја има најчесто како најефтина димензија.
Е сега гумата што ке ти ја предложам можеби ќе бидеш скептик, а тоа е Windforce Catchfors PCR (летни гуми се)
Лани во јули месец ги купив и после 1 година возење сум имал ситуации каде што морало и поагресивно да кочам, и во кружен тек намерно сум влегувал побрзо чисто да ги истестирам и досега не ми направиле никаков проблем ни на влажно ни на мокро.
Исто така и зимските гуми ми се Winforce Snowblazer и со нив исто така по влажен коловоз не сум имал некаква непријатност. Штета само што сега кога имаше снег во март не ги пробав по снег како ќе се однесуваат.
Купени ми се од Sava gumigumi на фејсбук имаат страна, монтажата е во сервис во Илинден, по цена од 1550 денари за гума (и летните и зимските по таа цена во таа димензија).
Во таа цена влегува и монтажата и балансирање.