Дечки, после неколку незгодни дождливи ситуации испадна дека гумите што ми идеа со колата немаат никаков "grip" кога е мокар асфалтот. Почнав да читам ривјуа, и испадна дека повеќе луѓе се жалат од нивниот квалитет. Во план ми беше да си купам зимски сет кога ќе дојде време, но сега сакам да се отарасам од гумиве и да си купам allseason гуми.
Прашањето ми е, дали најдобрите allseason гуми се подобар избор од сет од ѓубре летни + добри зимски? И кои се апсолутно најдобри allseason гуми на пазарот, и каде ги има кај нас да се купат оригинал со гаранција за димензии 185/55/R16?