Главната особина на пневматикот е да има одлична "адхезија" со подлогата. Во продолжение ќе го користам зборот "гума" како синоним за пневматик.
Ако го разбиеме односот на гумата со подлогата на најпрост физички или математички модел, ќе треба да анализираме триење на гума со асфалт.
Кај возилата е особено важно при триење на гумата со асфалтот да се јавува што е можно поголем контактен отпор кога едниот материјал го триеме од другиот.
Кога две тела се тријат меѓусебно, се јавува абење. Телото, кое што има послаба структурна цврстина ќе се изаби, побрзо од другото.
Ако триеме гума по асфалт, гумата во поголемиот дел од процесот ќе биде послабиот материјал и таа ќе се троши побргу споредено со асфалтот. Теоретски и двата материјали ќе се трошат (абат) ама кај гумата тој процес ќе се одвива побргу.
При триењето ќе се јават остатоци од откината гума, топлина како нус појава, која што влијае позитивно на адхезивните својства кај двата материјали. Колку температурата е повисока, толку триењето ќе биде поинтензивно заради тоа што кај двата материјали се зголемува површинската еластичност и со тоа се зголемува способноста за адхезија.
Да не го тупам со теорија. Заклучок од горе искажаното: За да "лепи" гумата потребно е да се троши, односно да се "лиже" за да оствари "лепење" по асфалт.
Токму тоа ги потврдува исказите од претходно во темата "Континенталките се одлични гуми, супер лепат за асфалт, ама брзо се лижат". Што е сосема нормално, затоа што Континенталките работат така како што треба и го испорачуваат тоа што се очекува од нив.
Сите искази дека "гумата супер лепи и ич не се троши" се паушални оценки без никакви реални емпириски факти. Затоа и не постои гума која во името има "Енерџи Сејвер" или "Еко" од било кој бренд што е добра.
Енерџи сејвер гумите се дизајнирани да овозможат што е можно помал отпор на триење на сметка на подобрување на потрошувачката на гориво. Помал отпор на тирење=помала адхезија=полоши перформанси=помало трошење=лоша гума.
За да не се мачите само да го донесувате заклучокот, еве јас ќе ви кажам: Секоја гума која ви ја продаваат како Енерџи Сејвер е лоша верзија од соодветниот премиум производ што го има истиот производител. Затоа избегнувајте да ги купувате тие пневматици затоа што горивото што "можеби" ќе го заштедите го штедите на сметка на вашата безбедност и патниците кои што ги возите во возилото. Тоа што гумите нема да ви се трошат, е најголемата глупост од критериум што може да си го поставите кога купувате гуми.
Немам намера да ги глорифицирам "континенталките" туку само ги земав како појдовна точка во тезата која што ја објаснував.
Јас возам Мишелин, Ханкук, Барум на моите возила и сум задоволен од нив соодветно на намената и перформансите на возилата кои што ги возам.