Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1988357 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9360 на: 11 Јуни 2019, 23:40:08 pm »
Кај можам да најдам Континенталки? Во Мотоцентар ми понудија само Eco Contact 6.

Која гума е подобра, ContiPremiumContact 5 или Eco Contact 6? Ми требаат во 15" димензија.

Или да предложите друга марка во категорија на Континентал?

Premium Contact е многу подобра од Eco Contact.

Други во таа категорија се Michelin, Good Year, Pirelli, Bridgestone, до некаде и Vredestein, Toyo итн.

“Прифатлива” категорија би биле Hankook, Firestone, Fulda, Falken, Nokian, Sava, Uniroyal, Nexen итн.

Секако дека заборавам некои брендови, и плус,  ова мое мислење, а не строго дефинирана поделба.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 795
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9361 на: 12 Јуни 2019, 10:18:57 am »
Тука се класите:
http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1049
  • Best Motors Worldwide
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9362 на: 18 Јуни 2019, 22:18:23 pm »
Кај можам да најдам Континенталки? Во Мотоцентар ми понудија само Eco Contact 6.

Која гума е подобра, ContiPremiumContact 5 или Eco Contact 6? Ми требаат во 15" димензија.

Или да предложите друга марка во категорија на Континентал?
ako sakas guma koja mnogu tessko se lizze i ke ti trae mnogu dolgo zemi michelin energy saver+.
malku se potvrdi ama ako ti e za niz grad top guma.
---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9363 на: 19 Јуни 2019, 00:04:23 am »
Главната особина на пневматикот е да има одлична "адхезија" со подлогата. Во продолжение ќе го користам зборот "гума" како синоним за пневматик.

Ако го разбиеме односот на гумата со подлогата на најпрост физички или математички модел, ќе треба да анализираме триење на гума со асфалт.

Кај возилата е особено важно при триење на гумата со асфалтот да се јавува што е можно поголем контактен отпор кога едниот материјал го триеме од другиот.

Кога две тела се тријат меѓусебно, се јавува абење. Телото, кое што има послаба структурна цврстина ќе се изаби, побрзо од другото.

Ако триеме гума по асфалт, гумата во поголемиот дел од процесот ќе биде послабиот материјал и таа ќе се троши побргу споредено со асфалтот. Теоретски и двата материјали ќе се трошат (абат) ама кај гумата тој процес ќе се одвива побргу.

При триењето ќе се јават остатоци од откината гума, топлина како нус појава, која што влијае позитивно на адхезивните својства кај двата материјали. Колку температурата е повисока, толку триењето ќе биде поинтензивно заради тоа што кај двата материјали се зголемува површинската еластичност и со тоа се зголемува способноста за адхезија.

Да не го тупам со теорија. Заклучок од горе искажаното: За да "лепи" гумата потребно е да се троши, односно да се "лиже" за да оствари "лепење" по асфалт.

Токму тоа ги потврдува исказите од претходно во темата "Континенталките се одлични гуми, супер лепат за асфалт, ама брзо се лижат". Што е сосема нормално, затоа што Континенталките работат така како што треба и го испорачуваат тоа што се очекува од нив.

Сите искази дека "гумата супер лепи и ич не се троши" се паушални оценки без никакви реални емпириски факти. Затоа и не постои гума која во името има "Енерџи Сејвер" или "Еко" од било кој бренд што е добра.

Енерџи сејвер гумите се дизајнирани да овозможат што е можно помал отпор на триење на сметка на подобрување на потрошувачката на гориво. Помал отпор на тирење=помала адхезија=полоши перформанси=помало трошење=лоша гума.

За да не се мачите само да го донесувате заклучокот, еве јас ќе ви кажам: Секоја гума која ви ја продаваат како Енерџи Сејвер е лоша верзија од соодветниот премиум производ што го има истиот производител. Затоа избегнувајте да ги купувате тие пневматици затоа што горивото што "можеби" ќе го заштедите го штедите на сметка на вашата безбедност и патниците кои што ги возите во возилото. Тоа што гумите нема да ви се трошат, е најголемата глупост од критериум што може да си го поставите кога купувате гуми.

Немам намера да ги глорифицирам "континенталките" туку само ги земав како појдовна точка во тезата која што ја објаснував.

Јас возам Мишелин, Ханкук, Барум на моите возила и сум задоволен од нив соодветно на намената и перформансите на возилата кои што ги возам.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9364 на: 19 Јуни 2019, 07:14:17 am »
Michelin Primacy е синоним за гума со одлични перформанси и трае многу повеќе од конкуренцијата, а не е енерџи сејвер.

Од барем моето лично искуство со Hankook Kinergy Eco (енерџи гума) неможев да се пожалам ни во перформанси ниту во абење, едноставно гумата беше прекрасна.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9365 на: 19 Јуни 2019, 07:19:21 am »
Згора на тоа е и многу тивка.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9366 на: 19 Јуни 2019, 07:51:41 am »
Не возиме сите исто, не тргнувам од семафор со 4000 вртежи и кочам на следниот 10 метра пред него иако го гледам од 100 метра црвено.

Еко еквивалентот од истиот производител мене ми е економски поисплатлив. Безбедноста никако не е нарушена пошто тие се пуштени во продажба, а немам контрола на тој зад мене што гуми вози ако јас успеам да закочам навреме. Сценарија 1000.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 781
  • .
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9367 на: 19 Јуни 2019, 10:04:43 am »
Главната особина на пневматикот е да има одлична "адхезија" со подлогата. Во продолжение ќе го користам зборот "гума" како синоним за пневматик.

Ако го разбиеме односот на гумата со подлогата на најпрост физички или математички модел, ќе треба да анализираме триење на гума со асфалт.

Кај возилата е особено важно при триење на гумата со асфалтот да се јавува што е можно поголем контактен отпор кога едниот материјал го триеме од другиот.

Кога две тела се тријат меѓусебно, се јавува абење. Телото, кое што има послаба структурна цврстина ќе се изаби, побрзо од другото.

Ако триеме гума по асфалт, гумата во поголемиот дел од процесот ќе биде послабиот материјал и таа ќе се троши побргу споредено со асфалтот. Теоретски и двата материјали ќе се трошат (абат) ама кај гумата тој процес ќе се одвива побргу.

При триењето ќе се јават остатоци од откината гума, топлина како нус појава, која што влијае позитивно на адхезивните својства кај двата материјали. Колку температурата е повисока, толку триењето ќе биде поинтензивно заради тоа што кај двата материјали се зголемува површинската еластичност и со тоа се зголемува способноста за адхезија.

Да не го тупам со теорија. Заклучок од горе искажаното: За да "лепи" гумата потребно е да се троши, односно да се "лиже" за да оствари "лепење" по асфалт.

Токму тоа ги потврдува исказите од претходно во темата "Континенталките се одлични гуми, супер лепат за асфалт, ама брзо се лижат". Што е сосема нормално, затоа што Континенталките работат така како што треба и го испорачуваат тоа што се очекува од нив.

Сите искази дека "гумата супер лепи и ич не се троши" се паушални оценки без никакви реални емпириски факти. Затоа и не постои гума која во името има "Енерџи Сејвер" или "Еко" од било кој бренд што е добра.

Енерџи сејвер гумите се дизајнирани да овозможат што е можно помал отпор на триење на сметка на подобрување на потрошувачката на гориво. Помал отпор на тирење=помала адхезија=полоши перформанси=помало трошење=лоша гума.

За да не се мачите само да го донесувате заклучокот, еве јас ќе ви кажам: Секоја гума која ви ја продаваат како Енерџи Сејвер е лоша верзија од соодветниот премиум производ што го има истиот производител. Затоа избегнувајте да ги купувате тие пневматици затоа што горивото што "можеби" ќе го заштедите го штедите на сметка на вашата безбедност и патниците кои што ги возите во возилото. Тоа што гумите нема да ви се трошат, е најголемата глупост од критериум што може да си го поставите кога купувате гуми.

Немам намера да ги глорифицирам "континенталките" туку само ги земав како појдовна точка во тезата која што ја објаснував.

Јас возам Мишелин, Ханкук, Барум на моите возила и сум задоволен од нив соодветно на намената и перформансите на возилата кои што ги возам.

Потполно се слагам со твоето искажување и го потврдувам истото во однос на мишелин енерџи сејвер поради тоа што истите ги вози татко ми веќе 7 години а гумата е минимално потрошено т.е 2мм за пројдени околу 60ккм, е сега што се однесува до стилот на возење на татко ми он тврди дека ушто толку ќе ги изнавози :D но според мене тие гуми почнаа да ги губат тие својствата и не лепи како што треба тоа да го прави и поради ова сме на дилема дали да купиме нови или на овие да останеме кои визуелно изгледат одлично ниту пак расперчени.

ПС : Гумите се возат сезонски и вон сезона прописно складирани и одржувани
VW MK-7 (1.6 тди)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9368 на: 19 Јуни 2019, 10:37:05 am »
Јас не би рекол дека „еко“ верзијата на гумата е лоша верзија (како што кажува @zlatkoa), но би рекол дека е помалку добра, барем во однос на тоа колку гумата лепи. Во тоа се согласувам целосно со Златко.

На некого тоа му е важно, на некого не. Мене ми е особено важно, и подготвен сум да направам компромиси во друга насока, за да добијам подобро „лепење“. Во моментов сум импресиониран од Conti PremiumContact 6 кои ги возам на колата. Многу се подобри од Hankook V12 Evo2 кои ги имав претходно, особено кога ќе загреат убаво.

Голфот дојде со Michelin Energy Saver+ и гумите не беа лоши. Тоа што ме изненади е колку нагло изгубија перформанси во однос на лепење. Функционираа сосем прифатливо и по околу 20.000 поминати километри, за околу 500 км почнаа да лизгаат на сите страни.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9369 на: 19 Јуни 2019, 11:28:05 am »
Знам половни гуми не можат да се увезат, ама дали нови вбагажник можам да внесам?

Не најдов никаде таква забрана, па ако ми излези да одам за брзо и најдам бугарија по добра цена можи и да земам.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9370 на: 19 Јуни 2019, 13:42:26 pm »
Неможеш, мене ме тераа да ги фрлам (а немаше контејнер) или да платам 100 евра.
Прво им реков дека ќе ги фрлам, за да они ми речат ОК, ако најдеш контернер, немаше нели, и платив, сакаа да подмачкам, ама јас несакав и така ...

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3869
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9371 на: 19 Јуни 2019, 13:51:21 pm »
Edina varijanta da kupis 4 polovni od tuka po 500ki nekoj epten krs, i natamu da otides ( krajno vnimatelno ) so niv, tamu da si gi montiras novite i da si se vratis. Toa e toa  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9372 на: 19 Јуни 2019, 14:15:28 pm »
Или уште полесно, со старите да отидеш со новите да си се вратиш.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9373 на: 19 Јуни 2019, 14:24:00 pm »
Работата е што нема со моја кола да одам, инаку стојат назад старите, за 2 се работи, а зошто нови со фискална не можат да се увезат тоа не ми е јасно.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9374 на: 19 Јуни 2019, 14:29:47 pm »
Другар пред недела од Солун купил Michelin 18-ки за 50 еура парче.
Уште не му верувам, па макар да се најкрш модел и стари 2-3 години... можно е ова?

Наводно, имало и користени за 20 еура, во добра состојба.
Министерство за транс, поп и виски.