Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1777740 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8955 на: 07 Март 2019, 13:41:43 pm »
Не си згрешил воопшто.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8956 на: 07 Март 2019, 14:17:58 pm »
Јас возам Michelin Pilot Sport 4 225-45-17 на Мерцедес Б класа и можам да потврдам дека е фантастична гума.

Лани поминав над 8.000 км со нив и можам да го истакнам следното:

- Држат одлично во брзи свиоци при поголеми брзини.
- На влажен автопат при брзини 140-160 км/ч го држат возилото како по шини, и не потфрлија ниту еднаш
- На ексремно влажен при пороен дожд до 120 км/ч немам почуствувано никаква разлика споредено со возење на суво. Над таа брзина не сум пробал, затоа што при пороен дожд и поплавен коловоз треба да си глуп да возиш побргу.
- Не се бучни воопшто, споредено со зимските гуми што ги возам разликата е огромна и овие се "бесшумни" во дирекнта споредба
- Доволно се меки за гуми со профил 45. Речиси и да не осетив разлика помеѓу зимските пневматици кои ги возам Мишелин Алпин 5 205/55-16 и овие
- На екстремно топло време се уште помеки споредено со возење при услови во пролет или зима. Претходното лето ги возев по бедната патна инфраструктура во Лефкада и нерамннините и дупките ги пеглаа одлично, како да возам гума со повисок профил
- На температури под 10 степени се тврди, но тоа не би го издвоил како маана, затоа што работниот опсег им е во летен период, а не во доцна есен или рана пролет
- Субјективно мислам дека температурниот опсег за оптимални перформанси на овие пневматици е на температури над 12 степен и целзиусови. Со тоа што како што е потопло времето и асфалтот имаат се подобри перформанси и стануваат по комфорни.
- Неможам да дадам никаков емпириски податок за трошењето на пневматиците, затоа што ги возев само една сезона и вака "на око" не делуваа дека се потрошени

Кога ги купував се мислев помеѓу Michelin Primacy и овие пневматици, затоа што барав крузинг гума, и мислам дека не згрешив што ги избрав Pilot Sport 4.

На ауто какво што ти имаш би идел на primacy без сомневање зошто сметам дека подолго ќе траат и се по-удобни. А за перформансите нема да коментирам, не сум тркач :)

Но во секој случај и едниот и другиот избор не се грешка.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8957 на: 07 Март 2019, 14:31:25 pm »

И јас размислувам исто како тебе. Primacy би требало да имаат плус комфор и минус перформанси во директна споредба со Pilot Sport 4.

Но, самото возило има доста круто подвозје и 99% го експлоатирам по автопат, речиси и да не го возам низ град. Позади има мулти линк потпирање и магијата ја прави на отворено во долги брзи свиоци.

Е, сега кога подвозјето директно влијае врз комфорот, разликата помеѓу Primacy и Pilot Sport ќе биде минорна на отворено, ама разликата во перформанси е очигледна.

Па од тука, дојдов до одлуката дека побитно ми е да имам чувство на сигурност кога крузам со 140 отколку да имам меко возење, ако се драпам со колата низ Скопје.

На отворен пат, разликата не е толку очигледна во однос на комфорот и двете гуми се близу во тоа што го нудат.

Далеку е од тркачки стилот на возење, затоа што сепак комбесто е возилото и неможеш да се опуштиш со него како со Форд Фокус на пример. Има голема инертна маса, повисоко тежиште од било кој седан, хеч, па и да сакам да го запнам "спортски", не дава.

Главен параметар при изборот на гуми, покрај цената која е најбитна треба да биде и начинот и местото на експлоатација.

Ако возилото го возам поголем дел од времето низ градски услови и инцидентно во годината идам на екскурзија по автопатишта, тогаш би идел на крузинг или по комфорна гума. Реално Pilot Sport 4 во градски режим на експлоатација е оверкил да го ставиш на било кое возило. Патиштата ни се суб стандардни, пневматикот ќе треба да трпи дупки и оптоварувања кои за кои што не бил проектиран да ги трпи. Ќе страдаат често фелни, и ќе има проблеми од друга природа.

Субјективно е размислувањето, немора да значи дека сите треба да го делат со мене.

Си праиме муабет, де...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3875
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8958 на: 07 Март 2019, 15:11:24 pm »

На ауто какво што ти имаш би идел на primacy без сомневање зошто сметам дека подолго ќе траат и се по-удобни. А за перформансите нема да коментирам, не сум тркач :)

Но во секој случај и едниот и другиот избор не се грешка.

Јас од Primacy 3 прејдов на PS4 за лето а во меѓувреме зимно возам CrossClimate+. Дефинитивно со PS4 не се губи удобноста во однос на Primacy. Нај удобни се  CrossClimate+, но како што вели народната: "With great comfort you get floating feeling" -  не би ги ставил на ранг на контрола што ти обезбедува Primacy, а далеку се од PS4. 

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8959 на: 07 Март 2019, 16:27:39 pm »
Нешо многу рано се фативте за летни гуми, да не не изненади снегот пак после 20ти март ко лани  ;D ;D или џабе и ги стававме зимските за една недела снег   ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8960 на: 07 Март 2019, 16:37:12 pm »
Таман е времето за летни муабет.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8961 на: 07 Март 2019, 16:43:10 pm »
Super, fala vi za spodeluvanjata na iskustva i mislenje.

Ako se odi na primium varijanta kje bide najverojatno Michelin ps4 ili conti 5 ka ili 6 ka.

Ako se odi na poevtina varijanta, Uniroyal ot, imajkji vo predvid deka prethodno sum gi vozel.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8962 на: 07 Март 2019, 22:36:01 pm »
Cekaj malku, za novoto polo zborite, i novi letni treba da se kupuvaat. Pa so sto gumi izleze od salon kolata.
Druga rabota, dadeni se 14-15 iljadi i sega problem se 50-100 eur.
Излегува со летни 15ки Goodyear (таа фелна ќе ја чувам за зимски гуми). За летен сетап бркам 17ки бандаж + гума.
Барам прифатлива комбинација, мислам дека Tigar за Polo и не е толку лош избор посебно откако ги превзема Мишелин и исфрлија нови модели. Сепак е мала лесна кола која ниту бргу ќе се вози ниту на долги релации.

Отсутен Cicko Kumplug

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8963 на: 08 Март 2019, 00:05:49 am »
Дечки барам еден совет.. Досега не сум се замарал со купување на гуми сум возел со такви какви што ставале други, па сега за возилото шо си го возам само јас Голф 5 е со 195 65 15 ки димензии и еве дојде време за летен сет да му се стави па што викате да одам пак со истата димензија 15" или на 16" ? Која варијанта е подобра во поглед на надворешен изглед, удобна вожња, потрошувачка, и друго... за цената како што гледав има разлика од 1000-1500ден по гума а сакам и ал. Бандажи да земам па ако се 16" ќе мора со се бандажи комплет да се купат а ако се 15" бандажи може потака да се земат. Фала.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8964 на: 08 Март 2019, 00:14:02 am »
Дечки барам еден совет.. Досега не сум се замарал со купување на гуми сум возел со такви какви што ставале други, па сега за возилото шо си го возам само јас Голф 5 е со 195 65 15 ки димензии и еве дојде време за летен сет да му се стави па што викате да одам пак со истата димензија 15" или на 16" ? Која варијанта е подобра во поглед на надворешен изглед, удобна вожња, потрошувачка, и друго... за цената како што гледав има разлика од 1000-1500ден по гума а сакам и ал. Бандажи да земам па ако се 16" ќе мора со се бандажи комплет да се купат а ако се 15" бандажи може потака да се земат. Фала.

Погледни ја темата за мојот Голф. Јас ги сменив челичните фелни со 195/65 R15 Матадор со 16ки алуминиумски фелни со гума Сава Интенса 205/55 R16. Она што ќе приметиш е дека удобноста нема ништо посебно да се смени, колата ќе биде МАЛКУ по бучна на автопат, а на волан по-директна и по сигурна при поголеми брзини. Oд надворешен изглед нема дискусија дека подобро изгледа со 16ка. Со тротоари и дупки нема да имаш никаков проблем така да тоа нека не те двоуми.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8965 на: 08 Март 2019, 07:23:00 am »

15ки ти требаат. А кога ќе дојде време за гуми ќе си ставиш Hankook Kinergy Eco.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8966 на: 08 Март 2019, 08:25:16 am »
Дечки барам еден совет.. Досега не сум се замарал со купување на гуми сум возел со такви какви што ставале други, па сега за возилото шо си го возам само јас Голф 5 е со 195 65 15 ки димензии и еве дојде време за летен сет да му се стави па што викате да одам пак со истата димензија 15" или на 16" ? Која варијанта е подобра во поглед на надворешен изглед, удобна вожња, потрошувачка, и друго... за цената како што гледав има разлика од 1000-1500ден по гума а сакам и ал. Бандажи да земам па ако се 16" ќе мора со се бандажи комплет да се купат а ако се 15" бандажи може потака да се земат. Фала.
АКо си во можност, најдобра варијанта е да имаш 16“ алуминиумски бандажи со летни гуми 205/55/16 а на 15“ да си имаш зимски гуми 195/65/15, можеби е поголема инвестиција на почетокот ама после си мирен (зависно колку поминуваш годишно) едно 5-7 години
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Cicko Kumplug

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8967 на: 08 Март 2019, 11:22:44 am »
Дечки барам еден совет.. Досега не сум се замарал со купување на гуми сум возел со такви какви што ставале други, па сега за возилото шо си го возам само јас Голф 5 е со 195 65 15 ки димензии и еве дојде време за летен сет да му се стави па што викате да одам пак со истата димензија 15" или на 16" ? Која варијанта е подобра во поглед на надворешен изглед, удобна вожња, потрошувачка, и друго... за цената како што гледав има разлика од 1000-1500ден по гума а сакам и ал. Бандажи да земам па ако се 16" ќе мора со се бандажи комплет да се купат а ако се 15" бандажи може потака да се земат. Фала.

Погледни ја темата за мојот Голф. Јас ги сменив челичните фелни со 195/65 R15 Матадор со 16ки алуминиумски фелни со гума Сава Интенса 205/55 R16. Она што ќе приметиш е дека удобноста нема ништо посебно да се смени, колата ќе биде МАЛКУ по бучна на автопат, а на волан по-директна и по сигурна при поголеми брзини. Oд надворешен изглед нема дискусија дека подобро изгледа со 16ка. Со тротоари и дупки нема да имаш никаков проблем така да тоа нека не те двоуми.

Ја погледнав темата за голфот, супер изгледа со тие бандажи, а тоа што се бучни на автопат вероватно е  до самите гуми. Јас сум за таква варијанта со 16" па ке видам што ќе биде. :)
Дечки барам еден совет.. Досега не сум се замарал со купување на гуми сум возел со такви какви што ставале други, па сега за возилото шо си го возам само јас Голф 5 е со 195 65 15 ки димензии и еве дојде време за летен сет да му се стави па што викате да одам пак со истата димензија 15" или на 16" ? Која варијанта е подобра во поглед на надворешен изглед, удобна вожња, потрошувачка, и друго... за цената како што гледав има разлика од 1000-1500ден по гума а сакам и ал. Бандажи да земам па ако се 16" ќе мора со се бандажи комплет да се купат а ако се 15" бандажи може потака да се земат. Фала.
15ки ти требаат. А кога ќе дојде време за гуми ќе си ставиш Hankook Kinergy Eco.

Јас расмислувам за Hankook Ventus prime, доста позитивни коментари слушнав за нив.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8968 на: 08 Март 2019, 11:24:37 am »
Ги имам вентиус на едната кинерџи на другата кола. Вентус е гума ко гума, ама кинерџи еко е путер лепота.

Отсутен Cicko Kumplug

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8969 на: 08 Март 2019, 12:05:06 pm »
Епа Дени шом ги возиш двете, знаеш кој се подобри, ќе ги имам во предвид кинерџи.. Ме интересира дали се тивки? За вентус гледав на нет тестови од оваа година се во првите најтивки гуми.