Имам прашање,
Се работи за постара хонда акорд. Фабрички носи 195/60/р15.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дали можам да ставам 195/65/р15, иако тука не пишува. Сепак поефтина е 65-ката.?
5мм по радиус ќе добиеш на тркалото, не би требало да имаш проблем, и малку ќе отстапува километражот.
Гајле ми е за километражникот. Туку двајца вулканизери ни напоменаа, немој, некогаш ќе ја товараш, ќе закачуваш. Ме ставија во мисла а не е некоја голема отстапка.
Благодарам повер
Вака сеа.
Тоа 5 мм радиус што го напоменал power to the people, тоа е целиот круг. Значи од една точка обележуваш и се движиш по целата должина на гумата и да стигнеш на обележаното место од позади.
Еве сликовито да видиш разлики и да можеш да разбереш подоле што ке напишам:

Она што е разликата, а тоа е дека дијаметарот, од најниската до највисоката точка кај 195/60 15 е 61.5 цм, додека кај 195/65 15 е 63.45 цм. Тоа е 1.95 цм поголем дијаметар кај оваа вторава гума (или радиусот на 60-ката е 30.75 цм, а на 65-ката е 31.725 цм)
Е сега многу тука се бунат со ова.
Ако ги ставиме двете гуми една до друга, двете да газат на асфалтот, на 65-ката највисоката точка ке биде 1.95 цм повисока од 60-кава.
Но забораваме дека гумата која е намонтирана на бандажот, а бандажот го монтираме на колата, треба од центарот, од централната дупка да се ориентираме и да го мериме радиусот.Бидејки радиусот на 65-ката е 31.725 цм, а на 60-ката е 30.75 цм, разликата е 0.975 цм. Неполн 1 цм.
Односно растојанието меѓу гумата 195/65 15 и крилото ке биде помал за 0.975 цм во однос на 195/60 15. Останатите 0.975 цм ке бидат од долната страна.
Еве сликовито за да ме сфатиш што зборувам (и сите останати, гледам доста ве бунат димензиите на тркалата и разликите кои се јавуваат)

Е вака стојат гумите 195/60 15 vs 195/65 15 и вакви се разликите кога се намонтирани на колата.
Значи со ставање на 195 65 15 централната дупка ке се крене за 0.975 цм од асфалтот (од 30.75 цм на 31.725 цм) Тоа ке придонесе и спиралата заедно со амортизерот да ја одлепат колата за 0.975 цм погоре од асфалтот во однос на 195 60 15.
Останатите 0.975 цм се горе и само за толку се намалува просторот меѓу гумата и крилото.
Така да верувам дека не е никаков проблем, башка разликата е 3.2% според калкулаторот и тоа е горе доле максимално дозволено отстапување во однос на она што е фабричка димензија