ЗемАх!

Сега за сега после 100км јас сум задоволен. Многу мека гума, убаво мириса на ново, 10 недела 2018-та, ваљда 8 март, помало геј.
Се осеќа подобра амортизација, мнооогу потивни од Зава Ескимо кои ги заменија (фала богу, бегајте од Сава Ескимо). Бучноста ја тестирам на Илинденска од Борис Т према Имес, кога се вози по левата лента, од ѕидот на жардињерата се одбива звукот и убаво се слуша гумата. Савата зуеја ко вештерка со менструални болки, а овие новиве си фучат онака тивко, ко принцеза. Драстична разлика.
Цена 2900 по гума, купени цо Stop&Go димезија 195/65-15. Екипата таму пријатно ме изненади, брзи, услужливи, вицкасти. Стојам на страна и гледам едниот мајстор ми носи 16-ка бандаж со гума некоја голем профил као од прилика 205/60-16 со 5 штрафа накај меганот (меганот со 4 штрафа е). Го гледам, се смеам, па му текна дека на погрешна кола тргнал да монтира. Нејсе, фини дечки.
Чекам да заврне па да се изглупирам накај Дени интернационал, таму на десната лента се собираат вирови, па одлично е за тестирање аквапланинг при 120км/ч. Ќе пишам само нека заврне.