Пошто тој одговор беше наменет за мене, еве да напоменам дека рационалното во возење со исти гуми низ сите годишни времиња е тоа што тука, каде што живеам, летата не се толку вруќи, а зимите не се толку ладни, така да добра all-season сосема солидно би вршела работа.
Од што можам да видам, и како што беше посочено до сега, Michelin Cross Climate и Good Year 4 Vector се меѓу најдобрите од овој тип на гуми.
Но, у нашата ни родна грутка, мислам дека не би можеле најсоодветно да си ја вршат работата, пошто преку лето асфалтот е оЃин, а преку зима, знае прописен грч да фати. Чинам дека нема гума која покрива толкав температурен дијапазон.