Го вози во димензија 225/45R17 на Mercedes C200 W204 136hp и е разорачан од грипот, вика дека задниот дел на колата при додавање на гас му лизга многу повеќе од што би се очекувало со вакви гуми. Гумите не се произведени во Франција, произведени се некаде во земјиве од 2-3 свет, незнам каде има Мишелин фабрика, муабетов инаку е уште од лани кога ги стави.
@marjanot Догаѓа во предвид и Conti SC6, но мислам дека читав оти нема да се произведуваат во 17 инчна димензија, дека ги сменила Premium Contact 6, а не доѓа во предвид да ставам Premium Contact 6 пред PS4 или ASSY 3. Ќе се јавам денеска во мотоцентар за проверка, не е итна работава има уште 1 месец сигурно така да ќе проверам се натенане.
Инаку околу муабетот со аквапилинг, еве кај мене гумите се 1.8 предни со 2.1 задни и можам да кажам дека на нормални брзини нема проблем со Аквапилинг, на поголеми брзини знае малце да заниша кога ќе влезам во вода но ништо драматично и алармантно. Кој вози нормално и малце над нормалното слободно нека си ги тера до граничникот кој е поставен од производителот.