Гумата треба да е мека за да се конформира со ладниот асфалт. А најмногу грип на снег имаат самите остри рабови, какво исфрлање од шарите какви бакрачи. Снегот се деформира под притисокот на шарата и така таа пропаѓа внатре. Единствено на мраз нема пропаѓање на шарата и тогаш има 0 грип.
Дали е гумата тврда или мека нема многу врска на снег, но има на асфалт.
Еве ме и јас да се убацам во муабетов.. точно е се што кажа, но само за на асфалт. Кога станува збор за возење на снег е малку поразлично. Прашај се, што подобро се лепи на снег, гума, или самиот снег? Зимска гума е дизајнирана да "собере снег" и буквално да се залепи за снегот. Не дека шарите немаат улога, но тоа е секундарно.
Снегот се лепел за снегот, што зборуваш бе другар?
Нема тука лепење, има само гребење, само дезинтеграција на подлогата. Отпорот се случува само кога шарата со остриот раб го растура и дезинтегрира набиениот снег. Земи две половинки цвекло и триј ги една од друга

а земи после цвеклото пробај да го рендаш на ренде, каде ќе наидеш на поголем отпор?
Шарата другарче, шарата е 90% од факторот за отпор на снег. Што е можно поголем број на остри рабови кои пропаѓаат во снегот и гребат. Затоа зимските гуни толку многу рецки и рабови тоест ламели имаат. Побарај на интернет имаш десетици трудови на темава со сите персметки и матракуки.
Секогаш најголемо триење имаат предмети кои се од ист материјал. Убаво што посочи.
What?
А како гумата ќе собере снег кога под дејство на центрифуга го исфрла од гумата?