Баш така. Не е подобро.
Ако имаш две летни гуми назад, безбеден си само право ако одиш и со константна брзина. Ако кочиш (а кочиш) или вртиш (а вртиш) кога задните гуми губат тракција (а губат многу лесно) тогаш вишокот инерција доаѓа напред на двете кутри зимски гуми кои дигаат и раце и раменици во вис и ти одиш во ендек, пешак или друга кола.
Затоа подобро зимските извади ги и стави ги назад, а летните напред. Или уште подобро, купи две половни ефтини зимски гуми за назад. Ако немаш пари дај ќе собереме доброволен прилог.