Здраво,
Пред некој ден идејки у рикверц без да го видам закачив во остар тротоар од 25-30цм и успеав да го оштетам страничниот ѕид на гумата кај заштитниот венец ( се гледа на сликите).
Денес бев до Мотоцентар да видам што ќе препорачаат да правам. Ми кажаа дека не биле конците оштетени и дека може со некоја лепенка и печење од 2 саати да се среди гумата, али пошто се сега у огромна гужва, здравје за две недели..
Одтаму поминав и до Stop&Go за второ мислење али они немале таа опција за лепење/печење и они ми кажаа дека не се конците оштетени. Пошто ако биле оштетени кје подувала или ќе дишела, али да не сум ја возел на автопат....
Некој да препорача каде да одам да прашам за мојов проблем или пак сепак да идам да земам нова гума.
Иначе сетов NEXEN Winguard Sport 225/45 R17 зимски гуми е купен пред две години и да има поминато максимум 5 000км...

