Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1745636 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13545 на: 30 Април 2024, 10:35:26 am »
Ќе треба да си се јавиш во поголемите "гумари", Мотоцентар би требало да имаат машина за балансирање на овие тркала.

Иначе има доста луѓе што се решиле за дребонг на Цитроеновите бандажи, ама мене тоа ми изгледа грдо зошто таа дупка после со ништо не ја затвораш.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13546 на: 30 Април 2024, 12:05:44 pm »
Чекајте, јас нешто не разбирам, или?

Купени се бандажи за Citroen кои одговараат на колата за која се купени. Однесени се на балансирање и бидејќи мајсторот немал соодветна машина за нив, препорачал да се обработат на дребонг?

Мислам, со кој памет?

Отсутен zlatko.s

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13547 на: 30 Април 2024, 12:12:29 pm »
Чекајте, јас нешто не разбирам, или?

Купени се бандажи за Citroen кои одговараат на колата за која се купени. Однесени се на балансирање и бидејќи мајсторот немал соодветна машина за нив, препорачал да се обработат на дребонг?

Мислам, со кој памет?

искрено и мене тоа ме замисли, прашав во европагуми, ги балансираат овие бандажи, но потенцираа дека попрецизно е балансирањето на бандажите со централен отвор, отколку со фланша, па дури ми дадоја и контакт лице ваљда за дребонг. Исто за ова балансирање ми ги препорачаа Пнеуматик во Аеродром.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13548 на: 30 Април 2024, 12:53:09 pm »
Не сум изненаден од нашиве мајстори.
Локален мајстор му одзеде дел од држач на мотор за да напасира згрешен компресор за клима.
Демек нема гајле ќе тера.....

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13549 на: 30 Април 2024, 14:11:45 pm »
Да, бандажите немаат централна дупка, и не можеш секаде да ги балансираш. Крпен живот решение е - направи централна дупка ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13550 на: 30 Април 2024, 14:28:38 pm »
Муабетот: Вии дечко, ја и вака ќе ги балансирам, ама една дупка ако им напраиме...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13551 на: 30 Април 2024, 14:37:50 pm »
Не знам кој е поталент, дали овие од Цитроен што решиле да тераат друга патека за најстандардна работа, дали увозникот што кога знае треба да си напраи бизнис за ова или нашиве мајстори...

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13552 на: 12 Мај 2024, 02:35:00 am »
Кое е јавното мислење моментално, уште ги сакаме Nexen или не се тоа што беа?

Кога ги имав на полото бев презадоволен, ама знам дека ствари се мењаат па сумњам да не опаднал квалитетот?

Моментално барам 225/45 R17 летни за 2006 Civic дизел. Гледам Petlas ги поштувате, тој бренд ли е новиот миленик?
 
« Последно менување: 12 Мај 2024, 02:46:55 am Dickle »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13553 на: 12 Мај 2024, 09:05:42 am »
Јок, барај си Нексен. Нексен е мид-рејнџ бренд, значително подобри гуми имаат од Петлас.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13554 на: 12 Мај 2024, 10:14:16 am »
Кое е јавното мислење моментално, уште ги сакаме Nexen или не се тоа што беа?

Кога ги имав на полото бев презадоволен, ама знам дека ствари се мењаат па сумњам да не опаднал квалитетот?

Моментално барам 225/45 R17 летни за 2006 Civic дизел. Гледам Petlas ги поштувате, тој бренд ли е новиот миленик?
 
Абе каков Петлас...
Види Hankook во Stop&Go, фантастични гуми. Јас земав завчера Ventus Prime 4 да ги заменам Bridgestone Turanza ER300 фабричките 5 години стари, ми се препороди колата. Мислам дека се иста цена со Нексен ама се значително подобри.

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13555 на: 12 Мај 2024, 18:12:14 pm »
Ќе разгледам Hankook, фала.

Ме интересира кој е главен дистрибутер за Nexen, то ест кој има најширока понуда и по можност најповолни цени. Приметив дека неколку гумари носат по нешто, ама ниеден не се двои како главен.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13556 на: 12 Мај 2024, 18:34:52 pm »
Јас скоро земав, Н Блу ХД+ од гуми гуми. Само тој имаше бош димензија 185/60-15. Гумите беа Чешка/Словачка/Унгарија.
Претходните беа такви, сакав исти, не можев во Мотоцентар да најдам, па мислев Дунлоп/Ханког вентус 3, случајно пишав на гумигуми и ми понудија. Цената беше 3700 со монтажа, додека другите беа 4500/4900
Гумите имаат најдобра оценка за кочење ј се сосема солидни за сув коловоз.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 785
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13557 на: 12 Мај 2024, 19:34:10 pm »
За Petlas можам да потврдам дека се супер цена/перформанси. Ама Petlas Velox Sport PT741.
Зимски возам SnowMaster 2, и тие се добри, ама од летниве сум посебно задоволен, многу тивка и мека гума.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13558 на: 12 Мај 2024, 22:42:44 pm »
 Истиот сет го возам и јас. Веќе 2ра сезона со летните. Уште се тивки. За буџет гума сосема задоволувачки перфоманси имаат за нормален начин на експлорација.
Немам забелешки за зимките, одвај 3пати снег имаше.
Сепак ако некој сака пррформанси и за подинамично возење, нека не бара воопшто евтини гуми.
Нехен со цената забегаа ептен кон повисока класа. Би купил ханкок или тоуо пред нексен кога е мала разлика во цена.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13559 на: 12 Мај 2024, 23:05:58 pm »
Ќе разгледам Hankook, фала.

Ме интересира кој е главен дистрибутер за Nexen, то ест кој има најширока понуда и по можност најповолни цени. Приметив дека неколку гумари носат по нешто, ама ниеден не се двои како главен.

Лани беа овие, Турбомакс: https://maps.app.goo.gl/YR2xQUEN6pcgPi1u8
Они увезуваат Нексен.

Еве АДАК тест како котираат Нексен: https://www.tyrereviews.com/Article/2024-ADAC-Summer-Tyre-Test.htm
Не се ништо посебно, на ниво на Сава и Дебика се.