Ќе ги прескокнам коментари окулу тркачиве, ќе одам дирекно на гуми.
Ги повозев новиве гуми неколку дена и ова ми се заклучоците:
- Најблиску во чуството во возење се до Pirelli Pzero pz4
- Најбучни од сите до сеа што сум ги возел (ќе ги набројам подоле заради споредба и релевантност на тоа што го пишувам)
- Прецизност во возење на суво го дели првото место со Goodyear F1 Asymmetric 5
- Прецизност на вода подобра од сите други.
- Аквапланинг на прилично висока брзина, не можам да ја рангирам зашто не сум мерел за другите и не се сеќавам,
- Комфор (не рачунајќи ја буката) тврдо е, меѓутоа не предизвикува зуцкања внатре од ситници по кабина (не знам како да го објаснам ова на друг начин)
- Прилично добро изработена - приметив дека многу малку олово за балансирање а иде џам мазно.
Е сеа за потсетник кои гуми беа до сеа:
Conitinental Conti sport contact 5
Pirelli P Zero PZ4
Goodyear Eagle F1 Asymmetric 5
и новите Bridgestone Potenza Sport
Зимски
Goodyear Ultragrip performance gen1
и актуелните Hankook iCept evo3
Кај сите (зборам за летните) разликите се минимални скоро неприметни за просечен возач, мислам за некој кој не се замара што како. Сите се од истата класа така да со било која гума нема грешка.
Мое лично мислење е дека Continental се неосновано префалени (Ја од овие 4 би ги ставил 4ти) а Michelin се преплатени иако од сите други што сум ги возел, најдолго ги имаа задржано својствата.
Не гледам Мишелинки во листава, зошто таков заклучок?
Јас предпоследните Michelinln (Pilot SuperSport) што ги возев, не беа нешто драстично поскапи од Conti SportContact 6 сега што ги возам. Дури и кога ги купував CSC6, мислам дека само тоа што во моментот немаше PS4s, падна одлука за Conti.
Инаку, мислам дека Michelin-ките од UUHP класа најдолго се возат. Би рекол една цела сезона + во однос на Conti-во.
Goodyear-от F1 Assy 5 што ги возам на Mito-то добро ми се понашаат у трајност, ама друга кола е, далеку полесна и со далеку понеутрална геометрија на подвозјето во однос на 159-ката, па не можам директна споредба.
Како и да е, мислам дека следниот пат (до година?!) ќе пукам пак на Michelin, веројатно PSS5.